15/07/2024
Охрид

Кривична пријава за стружанец кој уценувал охриѓанка дека ќе објави нејзини фотографии на интернет

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “уцена“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И (43) од струшкото село Велешта.

Пријавениот, во неколку наврати на М.М (24) од Охрид и се заканувал дека ќе објави непристојни компромитирачки фотографии и видео материјал доколу не прифати љубовна врска.