24/04/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец поради кражба во објекти

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (29) од Струга.

Пријавениот, кривичните дела ги сторил на крајот на март и почетокот на април во автомобил, хотел и деловна просторија. Тој со употреба на сила влегувал во објектите и одзел пари, акумулатори и фискални апарати. На тој начин Т.Н. причинил материјална штета и се стекнал со противправна имотна корист од околу 34.000 денари.