19/04/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец поради насилство

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Г.(29) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 19.08.2018 година во 20,30 часот во Струга на улицата ,Маршал Тито“, во маркет пријавениот, во алкохолизирана состојба, поради технички проблем на влезната врата, оштетил дел од инвентарот на маркетот, при што упатил закани по животот кон вработената Е.М.П. (25) од Струга.