28/03/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец поради обид за напад со остар предмет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Т.(37) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 27.08.2019 на улица „ЈНА“ во Струга, по претходна вербална расправија, пријавениот се обидел со остар предмет да го нападне Ј.Ч.(34) од Струга.