20/04/2024
МакедонијаСтруга

Кривична пријава за стружанецот кој со нож повреди две лица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „телесна повреда“.

На 30.12.2017 година во Струга, пријавениот, по предходна вербална расправија, со нож, ги нападнал Џ.Д.(23) и С.Д.(18), двајцата од Струга, при што Џ.Д. го прободел во пределот на стомакот, додека на С.Д. му нанел расекотини на двете раце.