Кривична пријава за три лица за пустошење на шума

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „пустошење на шума“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(31) од охридското село Лешани, А.Ц.(29) од Кичево и И.И.(25) од кичевското село Србјани.

Пријавените, казненото дело го сториле на 20-ти октомври минатата година во шумскиот појас во атарот на селото Лешани. Околу 13 часот и 30 минути, вработен во шумочуварската служба ги забележал пријавените кои без издадена дозвола и спротивно на законските одредби, со моторни пили вршеле сеча на дрвна маса а во непосредна близина биле врзани коњи со кои требало да се изврши транспортот на пресечените дрва. Од увидот на местото на настанот, извршен по претходна консултација со Јавен Обвинител, констатирано е дека бесправо се исечени вкупно 14 метри просторни дабово дрво по што целокупната дрвна маса е предадена на чување во шумското претпријатие во Охрид.