25/04/2024
Охрид

Кривична пријава за тројца стружани поради кражби и одземено возило во Охрид

Секторот за внатрешни работи-Охрид до Основното јавно обвинителство-Охрид поднесе кривична пријава против П.С (27), С.О. (27) и И.П. (22) сите од Струга поради постоење на основано сомнение дека на подрачјето на Охрид сториле осум кривични дела „тешка кражба“, едно кривично дело „кражба“ и едно кривично дело ,,одземање моторно возило”.

Пријавените во текот на март и април годинава со користење на алат и физичка сила насилно ги отвориле влезните врати и прозори во седум куќи во Охрид од каде противправно одземале пари, златен и сребрен накит, рачни часовници, ЛЦД телевизори, лап-топ, таблет, облека и електрични апарати. При провалувањето во една од куќите пријавените пронашле клуч од патничко моторно возило кое било паркирано пред куќата кое го стартирале и противправно го одзеле.

Пријавените во текот на март годинава во два маркети во Охрид со употреба на подесен алат ги отстраниле катинарите од влезните врати, по што со алат истите насилно ги отвориле и од касите одзеле пари.

Од извршените кривични дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 437.000 денари.