24/04/2024
Македонија

Кривична пријава за убиство

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за насилен криминал, по преземени мерки и активности во минатите два месеци, во соработка со Основното јавно обвинителство во Скопје, денес (12.02.) поднесе кривична пријава против О.А. (28) од Скопје, поради основи на сомнение дека извршил кривично дело –“убиство“ по чл.123 од КЗ на РМ.

Имено, на 20.12. минататагодина околу 17.30 часот на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, пријавениот со употреба на огнено оружје (автоматска пушка марка АК47 калибар 7,62 x 39мм) испукал повеќе проектили кон лицето Б.И. (24) од Скопје, кој подоцна истиот ден од задобиените повреди починал во Ургентен центар „Мајка Тереза“.

Според документираните сознанија, пред кривично правниот настан Б.И. имал претходен договор со негови тројца другари да се сретнат на автобуска постојка на ул.„Џон Кенеди“. Кога пристигнале на договореното место, почнале да разговараат, при што по неколку минути на истата улица но од спротивната страна на коловозната лента пред браварска работилница застанало патничко моторно возило „Југо“ црвена боја и од истото излегол О.А. кој во рацете држел автоматска пушка. Претрчувајќи ја коловозната лента пријавениот се приближил до лицата и без никакво предупредување почнал да пука во правец на Б.И. кој од задобиените повреди паднал на земја крварејќи. По ова пријавениот се вратил во возилото “југо“ и заминал од местото на настанот. Од страна на граѓани веднаш било повикано возило на итна медицинска помош кое го пренело повредениот во ургентен центар „Мајка Тереза“ Скопје каде што од страна на доктор била констатирана смрт.

По започнатата интензивна истрага, во соработка со ОЈО Скопје, беа преземени опсежни мерки и активности за откривање на сторителот, при што набргу по настанот, односно неколку часа подоцна, беше пронајдено возилото “југо“. Возилото по наредба на Јавен обвинител беше подигнато од лице место и предадено за сеопфатна крим-техничка анализа.

Во насока на расветлување на кривичното дело, со наредба на Јавен обвинител обезбедени се видео снимки од поставени видео надзори во близина на местото на настанот, а беа повикани на информативни разговори триесетина лица во насока на појаснување на околностите на кој начин било извршено кривичното дело.

По претходна наредба од Основен суд Скопје I-Скопје на ден 27.12.2017 година беа извршени претреси во дом и други простории кај пријавениот О.А. на ул.„Џон Кенеди“, како и кај други пет лица сите од Скопје, при што одземени се два мобилни телефонски апарати кои по наредба од Основно јавно обвинителство Скопје – Скопје се доставени во Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика при ЦПС на РМ, а наедно беше извршено е полиграфско тестирање на три лица. Пријавениот О.А не е достапен на органите на прогон, и за истиот од страна СВР Скопје распишан е централен распис.