10/11/2025
Охрид

Кривична пријава за узурпација на државно земјиште во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ф.(59) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, на катастарска парцела узурпирал земјиште во државна сопственост, при што поставил ограда и монтажна барака, без да поседува решение за изведба и одобрение за поставување на времени објекти на земјиште во државна сопственост.