20/04/2024
Македонија

Кривична пријава за загрозување на сигурноста

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Д. (46) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ по чл.144 ст.4, предвидено и казниво според Кривичниот Законик на Република Северна Македонија. Пријавениот Д.Д. по пат на информатички систем користејќи ја социјалната мрежа Фејсбук, на 23.07.2019 и 24.07.2019 година објавил содржини со заканувачка содржина. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР постапува уште по десетина вакви и слични случаи, за кои во текот на утрешниот и наредните денови ќе бидат поднесени соодветни пријави.