26/04/2024
Охрид

Кривична пријава за затвореник кој предизвика пожар во охридскиот затвор

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Љ.М. (20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност”.

На 12.03.2018 година во Казнено поправната установа “Затвор Охрид“, во просторијата во која пријавениот издржувал мерка самица, истиот најверојатно со цигара намерно запалил ќебиња и јоргани. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица.