25/04/2024
Струга

Кривична пријва за жител од Албанија кај кого во возило е пронајдена дрога

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.К.(23) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 09.10.2020, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин Ќафасан – Струга сопреле возило „голф“, во кое бил пријавениот и при преглед кај него биле пронајдени 50 грама кокаин. На Р.К. му е изречена мерка притвор.