17/04/2024
Струга

Кривична пријава за жител од Горно Татеши кој насилно ја одзел малолетната ќерка

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „телесна повреда при вршење семејно насилство“ и „одземање на дете“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.А.(52) од струшкото село Горно Татеши.

Тој, казнените дела ги сторил на 27 март оваа година, .во стан на Кеј „8 Ноември“ во Струга со вербална распрвија и физички напад врз невенчаната сопруга. Потоа, насилно и ја одзел малолетната ќерка.