29/03/2024
Македонија

Кривична пријава за жител од кичевско Жубрино поради измама при добивање кредит

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Љ.И. (56) од село Жубрино, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“.

На 24.07.2014 година во Одделение за управни работи Охрид, пријавениот, во прилог на барањето за уверение за живеалиште, приложил лажна изјава дека се вратил да живее во Република Македонија, по што му била издадена потврда. Тој, потврдата ја приложил при постапка за идентификација на две товарни возила во Бирото за метрологија при Министерството за Економија со цел да ја искористи погодноста од член 24 од Законот за возила.