24/07/2024
МакедонијаСтруга

Кривична пријава за жител од Лабуништа кој физички ја нападнал сопругата

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Д.(41) од струшкото село Лабуништа. Пријавениот, казненото дело го сторил на 20-ти минатиот месец во семејниот дом во Лабуништа.

Тој, започнал силна и гласна вербална расправија со неговата сопруга упатувајќи и серија навреди и закани по нејзиниот живот и сигурност со што предизвикал страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената. Во моменти на силна агресивност, пријавениот Е.Д. физички ја нападнал сопругата удирајќи ја со раце и нозе по целото тело. Притоа, оштетената се здобила со телесни повреди по што успеала да избега.