29/03/2024
МакедонијаСтруга

Кривична пријава за жител од Лабуништа кој телесно ја повредил мајка си

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.П. (35) од струшкото село Лабуништа.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 27 август минатата година во семејниот дом, кога, поради одредени семејни несогласувања и под дејство на алкохол започнал вербална расправија со неговата мајка С.П.(54) а потоа со физичка сила ја туркал и ја бркал од куќата. Со извршувањето на казненото дело, пријавениот телесно ја повредил својата мајка и и го нарушил нејзиното здравје.