25/04/2024
Струга

Кривична пријава за жител од Лабуништа поради даночно затајување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и едно продолжено казнено дело „даночно затајување“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против И.А. (46) од струшкото село Лабуништа.

Тој, во својство на  управителот  на правното лице за трговија и услуги „Спорт Шкорпион“,  во временски период од 2013 до 2018 година, остварениот приход не го внесувал на жиро сметка на правното лице туку износот го прибавувал за себе, со што, го  оштетил правното лице за вкупен износ од 8.710.261 денари. Пријавениот, во истиот период одбегнал обврска за плаќање на данок на добивка, данок на додадена вредност и  персонален  данок, со што го оштетил буџетот на Република Македонија  за 2.435.110,оо денари.