28/03/2024
Струга

Кривична пријава за жител од Лабуништа поради измама со продажба на автомобил

Полициска станица Струга поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(52) од село Лабуништа, струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, казненото дело го сторил во текот на август 2016 година, кога на нотар склучил договор за купопродажба на патничко моторно возило сопственост на Н.К.(28) од селото Велешта. Според условите од меѓусебниот договор, пријавениот на оштетениот Н.К. требало, во рок од еден месец да му исплати сума од 430.000 денари. Бидејќи од тогаш, пријавениот Ш.Ш. не му ги исплатил парите, оштетениот, кон крајот на декември минатата година,случајот го пријавил во полициската станица во Струга.