28/03/2024
Охрид

Кривична пријава за жител од Лешани поради разбојништво

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ј.(31) од с.Лешани-Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“.
На 22.05.2020 на ул.„Партизанска“ додека оштетениот И.Н. (20) од Охрид, се движел со патничко возило, пријавениот го следел и при тоа со рака му покажал да застане. Откако оштетениот застанал, пријавениот излегол од своето возило и преку отворениот прозорец на возилото му се заканувал со нож во рака, и со употреба на физичка сила му ги одзел наочарите и парите кои ги имал со себе, со што се стекнал со противправна имотна корист од 15.000 денари. Неколку часа по кривично правниот настан пријавениот му се јавил на оштетениот упатувајќи закани по неговиот живот доколку настанот го пријави во полициска станица.