29/03/2024
Дебрца

Кривична пријава за жител од Лешани, возел патници повеќе од дозволеното

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.К.(28) од с.Лешани – Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 25.06.2020 година, на магистралниот пат кај с.Подмоље, пријавениот, бил затекнат со патничко возило „фолксваген“ како превезува 21 патник, иако возилото било предвидено за превоз на девет патници, со што не ја почитувал Уредбата од Влада на Република Северна Македонија, за организирање на јавен превоз на патници за време на епидемија.