29/03/2024
Охрид

Кривична пријава за жител од Лескоец кој физички го нападнал неговиот малолетен син

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од охридското село Лескоец.

Тој, на 17.12.2019 година во семејниот дом, каде, непочитувајќи го решението од Основниот суд Охрид со изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство, физички го нападнал неговиот малолетен син. Притоа, малолетникот се здобил со повреди кои му биле санирани во Општата болница во Охрид.