29/03/2024
Дебрца

Кривична пријава за жител од Мешеишта кој измамил охриѓанец за виза за САД

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Б.(53) од селото Мешеишта – општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“.

Тој, во текот на оваа и мината година, на лице од Охрид му ветувал дека може да му обезбеди виза за САД и доведувајќи го во заблуда, во два наврати побарал и добил сума од 2000 американски долари.