28/03/2024
Струга

Кривична пријава за жител од Радолишта кој нападнал судски полициски службеник

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.М.(32) од струшкото село Радолишта.

Пријавениот, на 20 минатиот месец во Основниот суд Струга физички нападнал судски полициски службеник. Тој требал да добие уверение потребно за издавање патна исправа и кога судскиот службеник го известил дека треба да изврши уплата за барањето, започнал да го навредува и да му се заканува, а се обидел и да влезе во канцеларијата на претседателот на судот. М.М., исто така, удирал по рентгенот и детекторот на влезот во судот, а во еден момент со раце го турнал судскиот полициски службеник.