Кривична пријава за жител од Радолишта поради изнуда

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.М.(31) од село Радолишта-струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “изнуда“. На 02.07.2018 година околу 03,45 часот кај селото Франгово пријавениот се понудил да му помогне на Ѓ.А.(48) од Крушево, при отстранување на дефект на минибус кој го управувал истиот. Потоа двајцата се упатиле на бензинска пумпа во близина на населбата Теферич, и пријавениот му побарал на пари на Ѓ.А. затоа што му помогнал, по што физички го нападнал и му одзел 2.500 денари.