23/04/2024
Струга

Кривична пријава за жител од Враништа кој бесправно градел

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Т.С.(38) од с.Враништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот, во својство на сопственик и инвеститор, на локација во с.Враништа, во текот на 2019 година, спротивно на основен проект и без соодветно одобрение, започнал со изградба на објект за стопанска дејност.