18/04/2024
Струга

Кривична пријава за жителка од Радожда која изградила викенд куќа без документација

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Љ.Н.(74) од струшкото село Радожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Таа, во текот на 2020 година како инвеститор, на катарстарска парцела во селото, без соодветна документација изградила викенд куќа.

Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение за отстранување на нелегалната градба.