29/03/2024
Македонија

Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Б.В. (53) од Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 став 5 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Б.В., како градоначалник на општина Ново Село, на 07.03.2014 година, злоупотребувајќи ја службента положба и овластување, склучил Анекс кон Договорот за закуп на времен објект, со кој го продолжил рокот на времетраење на договорот од 5(пет) на 11 години. Пријавениот, пред истекување на Договор за закуп на времен објект на Смоларски водопад, склучен помеѓу општина Ново Село и закупецот – правно лице од Струмица, без спроведување на јавно надавање и јавен оглас за издавање под закуп на обејкт, му го продолжил користењето на обејктот, сопственост на општина Ново Село, на 11 години. Со потпишување на Анексот, Б.В. дозволил преуредување на постоечки објект во национален ресторан и изградба на неделиви објекти од тврда градба, спротивно на условите во претходно објавениот оглас за јавно надавање за издавање под закуп на времен објект и спротивно на потпишаниот договор за закуп на времен објект. На тој начин овозможил правното лице – Друштво за туризам, угостителство и услуги од Струмица, да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг временски рок.