14/10/2024
Македонија

Кривична пријава за тешка кражба во Прилеп – украл пари и злато во вредност од 2.200.000 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против В.Д.(23) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение дека сега пријавениот сторил кривично дело „тешка кражба“ предвидено и казниво по член236 од Кривичен законик на Република Македонија. Со извршеното кривично дело пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 2.200.000 денари.

Имено на 18-ти овој месец во период од 19.00 до 23.30 часот пријавениот го скршил цилиндерот од металната порта, влегол во дворот, а потоа во куќата сопственост на Г.М.. Откако влегол во подрумот, ја отворил вратата од метален сеф и од сефот одзел пари во различни валути и апоени и тоа евра, австралиски и американски долари, швајцарски франци и фунти. Освен парични средства пријавениот пронашол и одзел и различен златен накит и тоа повеќе стари златни франги, шест до седум златни женски прстени, четири женски ланчиња, мала детска белезгија, сребрена пара, марамче на кое имало пришиено сребрена и златна пара и различни златни приврзоци. Откако ги одзел предметите од сефот, се качил и на вториот спрат од куќата, испретурал по сите соби и од детската соба одзел еден женски часовник марка „ Есприт“ и различен сребрен женски накит. Пријавениот предизвикал матријална штета во вкупна вредност од околу 2.200.000 денари.