28/03/2024
Македонија

Кривична за четири лица поради „неовластено прислушување и тонско снимање“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ПС од ОН Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против четири лица: Љ.П. (55), од Тетово, Г.Н. (49) од Прилеп, Т.М. (44) од Битола, и Г.Т. (51) од Прилеп поради постоење основано сомнение дека го сториле кривичното дело – “Неовластено прислушување и тонско снимање“ предвидено и казниво по чл.151 ст.2 од КЗ на РСМ.

Имено на 04.04. годинава, околу 19,00 часот во Прилеп на ул. “Мице Козар“ се одржал ненајавен протестен собир организиран од страна на движењето “Бојкотирам“ од Скопје. Првопријавениот одржал говор каде во еден момент побарал од второпријавениот Г.Н. да пушти на лап топ компјутер, кој пак бил приклучен на озвучување, тонска снимка од разговор помеѓу две лица, најверојатно телефонски, за која постои основа на сомнение дека е неовластено тонски снимана.

Втората аудио снимка, од страна на првопријавениот е пуштена последователно на ист начин. Предметните тонски снимки се пуштени за преслушување за присутните учесници на собирот, како и за лицата кои по пат на интернет на социјалната мрежа “Фејбук“, во живо го следеле настанот кој бил пренесуван од второ, трето и четврто пријавените преку нивните мобилни телефони во реално време.

На 05.04. Љ.П., Г.Н. и Т.М. се задржани во ПС-ОН Прилеп. Со Наредби за претрес од Основен Суд Прилеп, кај Г.Н., Т.М. и Г.Т. извршени се претреси во нивните домови, а за првопријавениот – извршен е претрес на неговото ПМВ марка 3Цитроен Ц4 Кактус“ кое сам го донел во кругот на ПС-ОН Прилеп. Одземените предмети (нивните мобилни телефони, мемориски картички, УСБ стикови и друга електронска и компјутерска опрема) се доставени за вештачење во МВР на РМ – ОКТИВ Скопје. Истовремено, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ на МВР доствен е прилог ДВД со документирани профили на социјалната мрежа Фејсбук