25/04/2024
Охрид

Кривична за жител од Косел кој искрши прозорци и опожари влезна врата од стан во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од охридското село Косел.

Пријавениот, казненото дело го сторил на втори минатиот месец со фрлање камења врз станот на В.Г. лоциран на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид. Тој, најнапред во 01 часот, а потоа и во 02 часот и 40 минути, фрлил камења кон прозорците од станот и ги скршил, по што веднаш избегал од местото. За време на увидот во станот, пријавениот на влезната врата од станот фрлил запалива материја од која се запалил дел од влезната врата.

Полициските службеници кои вршеле увид во станот, веднаш интервенирале, го локализирале пожарот, а потоа и целосно го изгаснале.