16/04/2024
Охрид

Кривични пријави за двајца охриѓани кои нападнале полициски службеници

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И. (31) и А.И. (33), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Пријавените им се заканувале и физички нападнале двајца полициски службеници кои постапувале по писмена наредба за претрес од Основен суд Охрид.