19/04/2024
Македонија

Кривични пријави за двајца скопјани за препродажба на хероин

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик на РМ, поднесе кривична пријава против лицата И.Н. (55) и Н.Н. (57) двајцата од Скопје.

Имено, двајцата пријавени на почетокот на месецов со намера да препродаваат дрога, од непознато лице набавиле неопределена количина на наркотична дрога-хероин во нивниот дом, каде што дрогата ја препакувале во помали пакувања заради улична препродажба на уживатели на дрога. По претходно добиени оперативни сознанија и издадена Наредба за претрес на дом и други простории од Основен Суд Скопје 1 -Скопје, од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје беше извршен претрес во домот на И.Н. во Скопје, каде е затекнат второпријавениот Н.Н., при што се пронајдени три полиетиленски паковки со непозната прашкаста материја, една дигитална вага, еден нож, една запалка со остатоци од непозната материја, една кеса со алуминиумска фолија, селотејп трака и дрвен толчник со остатоци од непозната прашкаста материја.

Пронајдените предмети се одземени и со наредба од Основното јавно обвинителство – Скопје се предадени на вештачење во ОКТИВ при МВР на РМ. Со вештачењето е утврдено дека пронајдената прашкаста материја со нето масо од 432,4 грама претставува хероин, а детектирани се и 3,04 грама мешавина од кофеин и парацетамол (кои се користат за мешање на дрогата), како и траги од хероин на откриените и запленети предмети.