24/04/2024
Македонија

Кривични пријави за приредување на игри на среќа без лиценца

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе четири кривични пријави до ОЈО Тетово и ОЈО Гостивар, против лицата А.Х. (55) од Тетово, Д.М. (32) од с.Камењане, тетовско, А.Ч. (49) од Гостивар, А.Љ. (48) од Тетово, заради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по чл.156 ст.3 од Законот за игрите на среќа.

По претходно изготвен оперативен план припадници на МВР заедно со екипи на Управата за јавни приходи извршија контроли во повеќе спортски обложувалници на подрачјето на Тетово и Гостивар, меѓу кои и спортска обложувалница “Чампион“ на ул.„Маршал Тито“ во Тетово – сопственост на пријавениот А.Х., спортска обложувалница „Гол“ во с.Камењане, општина Боговиње – сопственост на пријавениот Д.М. (објект и во угостителска функција -чајџилница) на ул.„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, потоа нерегистрирана спортска обложувалница сопственост на пријавениот А.Ч. и спортска обложувалница „Балкан Бет“ на ул.„132“ во Тетово – сопственост на пријавениот А.Љ.

Управата за јавни приходи записнички констатираше дека пријавените приредувале игри на среќа без регистрирана фирма и без лиценца во просториите кои што ги користеле. Притоа, изготвени се записници за извршената контрола и донесени се Решенија со кои се забранува приредување игри на среќа во деловните простории кои ги користеле пријавените во траење од 30 дена.

Исто така, од страна на ОСОСК при МВР привремено одземени се предмети од пријавените: парични средства (вкупно нешто над 50.000 денари), затекнатата документација, (ливчиња за уплата, уплатени тикети, билтени за обложување и друго), како и 19 телевизори, 13 монитори за компјутери, 11 куќишта од персонални компјутери, шест апарати за издавање тикети, четири принтери, два читачи за тикети и еден мал принтер за тикети.

Согласно издадените Наредби од надлежното ОЈО, одземените предмети се предадени со Записник за приморедавање на одземени предмети во депото Идризово на Агеницијата за управување со одземен имот, а одземените парични средства со записник се предадени во надлежното ОЈО.