24/04/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец поради нанесување тешка телесна повреда

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Т.А.(39) од Струга, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 06.09.2018 година во Струга на улица „Партизанска“, во ходник од зграда, по претходна вербална расправија, пријавениот физички нападнал 41 годишно лице од Струга, при што и нанел тешки телесни повреди.