19/04/2024
Охрид

Курсеви по турски и османско – турски јазик

Општина Охрид во соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре“, организираат интензивни курсеви по турски и османско – турски јазик.

Системот на курсевите по турски јазик се базира на „Заеднички европски критериуми за изучување на странски јазици“. Курсевите ќе ги водат квалификувани стручни обучувачи кои поседуваат сертификати за оваа дејност. Со современи методи истовремено ќе се усовршуваат четири основни јазични вештини (читање – пишување – слушање и говорење).

Курсевите ќе се реализираат една неделно, во просториите на општина Охрид, во петок и ќе траат по четири часа.

Заинтересираните ќе можат да се пријават преку социјалните мрежи, на телефонскиот број +389(2)3221232 или +389(46)262492 локал 123, лице за контакт Илкер Мустафа. Рокот за пријавување е до 20 август 2018 година.