25/04/2024
Спорт

Квалификации за Втора лига – Екипно првенство за мажи на Македонија за 2023

Во организација на Шаховската федерација на Македонија, во два термини 27-28 мај и 03-04 јуни 2023 година, во Скопје, се одржуваат Квалификациите за Втора лига – Екипно првенство за мажи на Македонија за 2023.

На квалификациите учествуваат 15 екипи, кои ќе играат по Швајцарски систем од 6 кола, 3 кола во првиот предвиден термин и три кола наредниот термин,. ШК Ласкер Охрид по одигрување на првиот термин е првопласиран со остварени три победи против ШК ТИМ Анпасан – Крива Паланка, ГШК Неготино – Неготино и ШК Теута Матејче – Куманово, во наредното четврто коло се среќаваме со ШК Шах шех Битола. За екипата на ШК Ласкер Охрид настапуваат: Гоце Шапкароски, Александар Алексовски, Константин Лушески, Љупчо Попаѓоски, Никола Николовски, Михаил Николовски, Ерол Су, Андон Колоски, Ванчо Видиќески и Горан Усовиќ.

ШК Ласкер Охрид финансиски е поддржан од Општина Охрид.

Пласман после трето коло на: https://chess-results.com/tnr773309.aspx?lan=1&art=0&rd=3 


WebOhrid / 29.05.2023 / ШК Ласкер