25/07/2024
МакедонијаПисма/КолумниСтруга

Лабуништа на зима без струја, на лето без вода

Група жители од струшкото село Лабуништа, преку допис кој го испратија до нашата редакција се жалат дека од вчера од 14:00 часот до сега немаат струја. Како што велат тие, оставени се 10 000 жители без основните услови за живот.

„На лето немаме вода, а на зима немаме струја. Улиците се полни со дупки, некои не се сеуште асфалтирани. Деновиве поплавени беа улици, не се одеше и пешки, сега и со снегот имавме отежнувања. Немаме ни брза помош, ниту спортска сала. Немаме никакви основни услови за живот. Никој од власта не се појавува после избори. Значи, буквално се што треба, ние немаме. Ова е жално и страшно, навистина. До кога вака?!“– стои во дописот од група изреволтирани жители од Лабуништа.

Тие апелираат, но и се надеваат дека надлежните ќе излезат на терен и што поскоро ќе го решат проблемот.