19/04/2024
Охрид

Лазаревска: Градиме социјална држава за сите

Изјава: Жаклина Лазаревска, кандидат за пратеник во ИЕ 5

Тема: Градиме социјална држава за СИТЕ

Ние се грижиме за луѓето, тие, ВМРО-ДПМНЕ, се грижат за Груевски.
Во следниот мандат обезбедуваме уште поголема социјална поддршка за граѓаните.

СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници.

За три години, СДСМ донесе социјална реформа со која социјалната помош ја зголеми за 300 отсто, воведе детски и образовен додаток.

Во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца!

Го решивме проблемот со стечајците кои ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше. 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари месечено, а наскоро добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.

И во време на криза со коронавирусот продолживме со концептот парите назад кај граѓаните.

28 милиони евра враќаме назад кај преку 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за туризам.

Дополнително го зголемуваме опфатот на домашната платежна картичка. Покрај стечајците, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа.

Градиме држава која е праведна и правна за сите.

Нотарските и трошоците за извршители ги намаливме, а 11 ставки за трошоци за извршување, целосно ги укинавме.

Со отписот на камати на долгови за физички лица, избришавме 10 милиони евра долгови на граѓаните

Казните ги намаливме и до 75 отсто, воведовме опомена пред казна и пропорционално казнување.
СДСМ се грижи за сите и враќа пари назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и зема пари од граѓаните.

Затоа, на 15 јули граѓаните ќе гласаат за концептот кој обебзедува повеќе пари во нивните буџети, а не за обнова на режимот кој им ги крадеше парите.

На 15 јули граѓаните ќе гласаат за фер и праведно општество и правна држава. Обнова на криминалот, обнова на режимот нема да има.

Покажавме дека можеме. Гласајте за број три – МОЖЕМЕ уште повеќе, МОЖЕМЕ уште подобро! – истакна Лазаревска.