25/04/2024
Охрид

Лазаревска – Таневски: Гласањето на 15 јули ќе биде безбедно, важно е да се гласа!

Гласањето на 15 јули ќе биде безбедно!

Гласањето на 15 јули ќе биде со целосна заштита. Обезбедени се сите мерки за заштита од Ковид.

Важно е да се гласа. Се носи голема одлука!

Одлучуваме за сопствената иднина, за иднината на најблиските и за иднината на земјата.

Одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад!

Дали ќе растат платите за сите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски?

Дали ќе се заштитиме од Ковид или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите?

Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски?

Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија?
Немојте да мислите дека работата е однапред завршена!

Не е доволно само да веруваме дека СДСМ ќе ја води следната влада. Секој од нас да преземе чекор и да учествува во големата одлука. Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие три години.

Ако останеш дома на власт ќе се врати Груевски. Потребно е секој да излезе на 15 јули, да гласа и да учествува во потврдата на победата.

Во моментов нема подобра опција за државата од Заев и СДСМ. Не смее да се ризикува да се врати ВМРО, тоа ќе донесе хаос во државата.

Ако останеш дома, на власт ќе се врати Груевски. Излези и гласај! Со Заев одиме напред, со ВМРО-ДПМНЕ во опасност.

Глас за ДУИ е глас за Мицкоски. Мицкоски е слуга на Груевски.

Почитувани граѓани,

Знаеме дека можевме и подобро. Знаеме дека не ги исполнивме сите ваши очекувања. Знаеме дека направивме и грешки.

Но, секоја наша грешка, ни ја посочувавте гласно, демократски, а ние ве слушавме и реагиравме. Покажавме дека знаеме и можеме да се подобруваме.

Ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ.

Замислете како ќе изгледаше справувањето со Ковид ако ДПМНЕ ја водеше владата. Погледнете што се случува низ земјите во регионот и Европа.

На 15 јули вие одлучувате кој ќе ја води борбата со Ковид. Подготвени ли сте вашето здравје и здравјето на вашите најблиски да им го доверите на Мицкоски и неговите луѓе?

Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка за коалицијата Можеме, која носи сигурност и заштита на здравјето на граѓаните.