25/04/2024
Охрид

Лазаревска: Вашата доверба не обврзува да продолжуваме со полн ентузијазам во исполнување на нашите стратешки цели

„Почитувани сограѓани, пријатели, другари,
Ви благодарам за поддршката која ни ја дадовте, да продолжиме заедно, во сигурна иднина.
Вчерашните кристално чисти, демократски избори и преку излезноста и со резултатите покажаа дека нашата држава е на вистинскиот пат, патот кон европските вредности.
Благодарност до сите кои ја дадоа поддршката за СДСМ и коалицијата #Можеме во општините Охрид и Дебарца , цела 5 ИЕ
Вашата доверба не обврзува во претстојниот мандат да продолжуваме со полн ентузијазам во исполнување на нашите стратешки цели и реализација на предизборната програма.
#МОЖЕМЕ уште повеќе, уште подобро!“, напиша на својот ФБ профил, Жаклина Лазаревска.