29/03/2024
Охрид

ЛДП бара дислокација на спомен-обележјето на Григор Прличев

ОО на Либерално Демократската Партија од Охрид бара поведување на иницијатива за дислокација на спомен-обележјето на Григор Прличев и му предлага на Советот на Општина Охрид, да донесе решение за истата.

„Несомнено е дека спомен-обележјето на Григор Прличев -истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век, треба да има адекватно место.

Сведоци сме дека на моменталната локација на која се наога спомен-обележјето (пред Градската библиотека), поставени се контејнери во негова непосредна близина со што, не само што се нагрдува сликата за споменикот туку во најмала рака тоа е недопустливои, деградирачко и неодговорен однос кон ликот и делото на Прличев.

ОО на Либерално Демократската Партија од Охрид предлага Спомен-обележјето на Григор Прличев да биде дислоцирано пред Националната установа- Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со што ке се врати заслужениот пиедестал кој го заслужува нашиот сограѓанин Прличев.“ – стои во барањето од ОО на ЛДП Охрид испратено до Советот на општина Охрид.