07/10/2024
Охрид

Леон Лекоски го фати светиот крст во Келн, Германија

Празникот Богојавление – Водици, нашите иселеници традиционално го одбележуваат и во Келн, Германија. Таму, меѓу сите учесници најсреќен беше 14-годишниот Леон Лекоски, по потекло од Охрид. Леон по втор пат го фаќа светиот крст. Претходно тој крстот го фати во 2020 година.

Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година.

За многу години!