28/03/2024
Спорт

Леон Лекоски – талентирано момче кое прераснува во врвен фудбалер

Леон Лекоски важи за еден од најталентираните млади фудбалери во Германија кој има потенцијал да прерасне во врвен фудбалер. Роден е во Келн, Германија. 14-годишниот центарфор повеќе години игра во младинските категории на бундеслигашот Келн.

Неговиот нов клуб е CfB Ford Köln-Niehl 09/52 e.V кој две години го следеше, но неговото доаѓање во овој клуб беше одложено поради Ковид-19 пандемијата. Леон веќе ги одработи првите неколку тренинзи за овој клуб, а го постигна и првиот гол на првиот пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона. Со младиот Леон работат врвни тренери кои го следат неговиот развој и усовршувањето на неговите вештини.

Неговите родители родум се од Охрид. Неговиот татко Оливер вели дека Леон ги има сите предиспозиции да стане врвен фудбалер. Неговото семејство го поддржува и будно го следи развојот на Леон, и како фудбалер, но и како личност.

Во разговор со WebOhrid тој откри дека негови идоли се Лионел Меси, Тони Крос, Џошуа Кимих и се разбира нашиот Горан Пандев, додека пак омилен клуб му е Барселона.

Инаку, ова талентирано момче заедно со неговото семејство моментално се наоѓа во Охрид. Тој вели дека секојдневно ги посетува фудбалските терени на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини Извори“, каде одработува по некој самостоен тренинг.

Младиот Леон можете да го следите и на инстаграм: @oliver_ohrid

WebOhrid и во иднина ќе го следи ова младо талентирано момче и му посакува многу понатамошни успеси.

В.Б. / WebOhrid