20/04/2024
Охрид

Летна понуда – Саем на книгата и бесплатна отворена Библиотека за странците

 Од денеска и официјално за прв пат во Охрид НУ Библиотека „Григор Прличев“ отвори бесплатно книжевно катче кое ќе функционира 24 часа.

 Трезорите на библиотеката се богати со странска литература особено на англиски и германски јазик,на јазиците на соседните држави и други светски јазици кои што гостите ќе можат да ги позајмат но и да ги разменат со свои книги. Да зајмат или да остават. Тоа ќе биде ново искуство за нив при што одморот ќе можат да го поминат во дружба со книгата.

 Библиотеката исто така за прв пат од денеска отвори и Летен саем на книгата со домашна литература а странските љубители на пишуваниот збор ќе имаат можност да купат и македонска литература преведена на англиски јазик. 

 Библиотеката исто така ќе им понуди на хотелите да набават литература од македонски и странски продукции за да ја збогатат својата понуда.


WebOhrid / 11.07.2022 / НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид