19/04/2024
Охрид

Левица: 154 илјади евра исплатени на битолски Грин-тим, а Охрид се дави во ѓубре

„Ова не е Охрид сред сезона, ова е ул.7 Ноември бр.270, вчерaвечер, 12.10.2022 година. Со денови неиспразнети којтењери, а наспроти зградата се наоѓа дива депонија која не е исчистена со години.

Додека охриѓани реагираат на нечистотијата во градот, ЈП Охридски комуналец има ангажирано приватна комунална компанија „Грин- тим“ од Битола, за собирање смет, метење и миење на улици, со договор, вреден 154 илјади евра.

ЛЕВИЦА потсетува дека ЈП Охридски комуналец е јавно претпријатие организирано за извршување комунални дејностина територијата на општина Охрид. Нивниот спектар на активности опфаќа одржување на јавна чистота во градот и приградските населби.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 13.10.2022 / Левица ЛО Охрид