Левица бара надзор на ископот на речното корито во Сирула
„До нашиот ЛО пристигна реакција од мештаните од с.Сирула, дека во селото се врши нелегален ископ на речното корито и изворите. Ископот го врши сопственик на парцела до речното корито.
Мештаните реагираат дека со овој нелегален ископ се врши попречување на природниот тек на реката, која надоаѓа во пролетните месеци, а со тоа може да дојде до оштетување на патот и бараат да реагираат надлежните институции и да го спречат овој нелегален ископ.
Левица Охрид ќе поднесе барање за вонреден инспекциски надзор.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.
ВебОхрид / 08.02.2022 / Левица ЛО Охрид