29/03/2024
Охрид

Левица: Дали Општина Охрид се приклучи на кампањата од Левица?

Партијата Левица -Локален огранок Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Денес се огласи Општина Охрид и Градоначалникот Константин Георгиески, со соопштение дека од денес 11.03.2021 година, поради зголемениот број на заболени од Ковид 19, општинската зграда ќе биде затворена за физички посети и странки.

Добро ќе беше господинот Константин Георгиески и неговата матична партија СДСМ, како што покажаа грижа за своето здравје и безбедноста и здравјето на своите вработени, да се загрижеа и за здравјето на својот народ. Додека тие максимално се заштитуваат, сите нас не’ изложуваат на ризик по нашето здравје со спроведување попис среде пандемија. 

И сето тоа го прават со уцени и заплашување на народот со драконски казни.

Дали тие сметаат дека нивното здравје и нивните животи вредат повеќе од здравјето и животот на обичниот човек!?

Затоа, почитувани охриѓани, следете го примерот на Општина Охрид и Градоначалникот Константин Георгиески, следете ги препораките на Министерот за здравство Венко Филипче и заштитете го своето здравје. Не отворајте им врата на попишувачите, онака како што Општина Охрид нема да ни ја отвори вратата нам, на граѓаните.

Да се грижиме за своето здравје, зашто Владата на СДСМ , Премиерот и Министерот за здравство, наместо да се грижат за здравјето на народот, на еден бизарен и одвратен начин се обидоа да остварат личен профит од набавката на вакцините.

Пописот може да чека. Нели за нечии интереси чекаше 20 години!? Но, нашето здравје е најважно и поскапо од се’.

Биди одговорен! Не отворај врата!“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.