19/04/2024
Охрид

Левица: Градоначалникот на Охрид со селективно рушење

Партијата Левица – Локален огранок Охрид, испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Додека градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, на лицемерен начин се обидува да ја замае охридската јавност со селективно рушење на платформите на охридските плажи, граѓаните секојдневно реагираат до Левица – Охрид со информации за узурпирање на државно земјиште на охридските плажи.

Неодамна Левица ја информираше охридската јавност за состојбата во автокампот Љубаништа и ги повика надлежните да реагираат. Овој пат, до нас пристигна кратка информација и фотографии, испратени од наш сограѓанин за плажата во Метропол, која во целост ќе ја пренесеме.

,,За кого Георгиески е мајка, а за кого маќеа?

Метропол не само што го узурпира и бетонира цел брег , прави профит од барови на државен имот, сега се дрзна да прави сепареа на пристаништето кое е државен имот”, – стои во информацијата.

Левица – Охрид ги повикува надлежните да ги испитаат овие информации и да постапат соодветно.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.