20/04/2024
Охрид

Левица ја презентираше Програмата со која ќе настапи на локалните избори

Левица организираше средба со охриѓани, каде што беше презентирана Програмата со која Левица ќе настапи во општина Охрид.

На средбата беше присустен Претседателот на Левица Димитар Апасиев, членот на Президиум Јована Мојсоска, носителот на советничката листа во Охрид Виолета Аврамоска и беа презентирани кандидатите за советници од Левица.

Во продолжение следува кратката програма со која партијата ќе настапи на претстојните локални избори на 17 октомври под реден број 15 на гласачкото ливче.

1.Проект Е-општина за елиминација на чекањето ред на шалтер и задолжителен пренос во живо лајв-стрим на седниците на советот на општината.
2.Забрана за издавање под концесии на јавните објекти и замена со тендер системот со специјализирани општински јавни претпријатија.
3.Ревизија на сите ДУП-ови и ГУП-ови кои се издадени под влијание на корупциски афери.
4.Гасификација на индустријата на домаќинствата (изградба на градска гасоводна мрежа)
5.Иницијатива за решавање на статусот на стечајците на ЕМО и Отекс
6.Намалување на цената на водата како и Чиста вода за пиење во секое село
7.Бесплатни градинки и Бесплатна исхрана за сите ученици во основните и средните училишта,како и општински возен парк за бесплатен превоз на ученици.
8. Бесплатни курсеви за странски јазици и компјутери за децата од посиромашни семејства(деца на стечајци,деца на невработени,деца на ниско плаетени работници)
9.Народни кујни за бездомници и сиромашни лица и шелтер-центри за жртви на семејно насилство
10.Отварање на пенсионерски домови за нега и домување на стари и изнемоштени лица
11.Дневни центри за деца и лица со попреченост и потреба од туѓа нега и внимание
12.Укинување и забрана за воведување наплата на јавниот паркинг простор
13.Изградба на стационари на бездомниживотни со можност за посвојување домашни миленици
14.Осовременување на возниот парк на територијалните Противпожарни служби и на возилата за Брза помош
15.Организирање на летни школи за изучување на традиционалните охридски занаети
16.Поддршка на локалниот спорт(спортски сојузи и клубови) со реновирање на стадиони ,спортски сали и детски игралишта како и развој на алтернативниот туризам.