25/04/2024
Македонија

Левица: Кога МОН планира да го објави списокот за социјална поддршка на 400 ученици во средните училишта?

„Министерството за образование и наука се’ уште го нема ЈАВНО објавено списокот за СОЦИЈАЛНА ПОДРШКА на четиристотини ученици во средните училишта во Македонија.

Крајниот датум беше до  27.11.2020 (петок) за МОН да ја објави листата, а најдоцна до 4.12.2010 (петок), учениците мораат да го потпишат договорот за стипендија и да го достават. Во спротивно се смета дека САМИТЕ  СЕ ОТКАЖАЛЕ од примање на средствата чија висина е 2200 денара месечно, во текот на девет месеца.

За останатите конкурси, МОН објави резултати на 21.11.2020.

Зошто петти ден не се објавени резултатите?  Дали можеби со намера непланираните ,,сами” да се ,,откажат” од овие средства? Дали ресорната министерка Царовска, довчерашната министерка токму на Министерството за труд и социјална политика, се чувствува барем малку одговорна за лошото менаџирање со секторот кој и’ е доверен?“ – стои во соопштението од Левица.